Дома Топ вести Претстои важна средба за иднината на Меси

Претстои важна средба за иднината на Меси

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта утре ќе има важна средба со претседателот на Ла Лига, Хавер Тебас.

На средбата ќе се разговара со проблемот за висината на платите што го постави Ла Лига, а тоа е проблем при финализирањето на новиот договор на Лионел Меси.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Доколку двете страни стигнат до договор Меси многу скоро ќе стави потпис на новиот договор.

Ла Лига посочи дека расходите на сите клубови треба да бидат еднакви на приходите, а Лапорта истакна дека приходите на Барса паднале за 300 милиони евра минатата година поради пандемијата.

Поради тоа Барселона е приморана значително да ги намали платите на фудбалерите кои изнесуваат вкупни 672 милиони евра, а сега треба да бидат помалу за 200 милиони евра.

Тоа е пречка за новиот договор на Меси чии финансиски параметри се многу високи, па поради тоа многу нешта ќе зависат од денешната средба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Руд Ван Нистелрој има нова работа, ќе го преземе поранешниот шампион на Англија

Руд ван Нистелрој остави силен впечаток за време на неговиот краток период на чело на Манч…