Шпанскиот гигант Реал Мадрид не се откажа од трката по потписот со англискиот репрезентативец Џад Белингам, пишуваат медиумите на Островот.
Белингам ќе биде примарна трансфер цел на „кралевите“ за следното лето и веќе почнаа да работат на трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради големата конкуренција неговата цена драстично порасна, па Дортмунд постави цена од 150 милиони евра, но Реал ќе се обиде преку преговори да ја намали цената.
Медиумите информираа дека вчера во хотелот Харбор во Лондон имало средба на таткото на Џуд Белингем со Хуни Калафат, директор за меѓународен фудбал во Реал Мадрид кој е одговорен за ангажман на млади играчи во „кралскиот“ клуб.