Бразилскиот Сантос, поточно претседателот на овој клуб, Марсело Тешеира потврди дека оствариле краток разговор со Нејмар за негово враќање во клубот.
Нејмар кариерата ја започна во Сантос од каде што направи трансфер во Барселона, а денес кога е далеку од деновите кога го играше најдобриот фудбал го носи дресот на Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Со Нејмар имавме краток брз разговор, а од искуство знам дека брзите разговори често пати имаат позитивен ефект.
Го прашав дали би се вратил да игра за Сантос, но прво мора да се опорави од повредата. Тој ќе продолжи во Саудиска Арабија, по истекот на договорот би можел да се врати кај нас“, изјавил Тешеира за медиумите.
Договорот на Нејмар со Ал Хилал има важност до летото 2025 година, а надвор од терените поради повредата ќе биде до крајот на сезоната.