Дома Фудбал Останато Претседателот на ФИФА позитивен на Ковид 19

Претседателот на ФИФА позитивен на Ковид 19

Претседателот на ФИФА Џани Инфантино, е позитивен на Ковид-19, потврдија од таборот на Светската куќа на фудбалот.

Според информациите, тој се чувствува добро и наредните две недели ќе ги помине во изолација.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Светската фудбалска федерација соопштија дека сите кои биле со Инфантино во контакт минатите денови ќе бидат во самоизолација.

„Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино е заразен со коронавирус и денес доби позитивен тест. Тој пред десетина дена почувствувал благи симптоми и од тогаш е во самоизолација и ќе остане во карантин уште десетина дена. Сите луѓе кои имале контакт со него се известени и замолени да ги преземат потребните мерки. ФИФА на својот претседател му посакува брзо закрепнување“ стои во официјалното соопштение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ставре Јада го освои 89. место на крос-контри трката во Кортина (Видео)

Како најискусен член на македонската олимписка експедиција, Ставре Јада прв го отвори наст…