Шпекулациите околу двете ѕвезди на ПСЖ, Килијан Мбапе и Нејмар не престануваат во последните месеци, но претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи е убеден дека и двајцата ќе останат во Париз.
После синоќешната елиминација на Барселона во ЛШ, претседателот истакна дека двете ѕвезди ќе останат во Париз засекогаш.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Мбапе и Нејмар се парижани и ќе останат во Париз засекогаш“, категоричен беше Ал Келаифи, кој за прв пат јавно проговори за иднината на двете ѕвезди.
Потоа тој го коментираше натпреварот како и пласманот во четвртфинале во Лигата на шампиони.
„Голема чест е да се пласирате во четвртфинале во ЛШ. Веќе заборавив што се случи пред четири години, тоа ќе остане во историјата. Елиминиравме одличен тим и сега сме меѓу најдобрите осум екипи“.