Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас бара остри казни финансиски моќните Пари Сен Жермен и Манчестер Сити.
Приказната за Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Финансискиот фер-плеј секогаш е актуелна кога ќе се отвори преодниот рок. Така е и оваа сезона, изгледа дека притисокот над Манчестер Сити е поголем од било кога и одредени медиуми се свртеа против нив, односно против нивното работење.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од оние кои ги критикуваа Манчестер Сити и ПСЖ е Хавиер Тебас, претседателот на Ла Лига.
„Ова повеќе не е спорт, не е ниту индустрија…Ова е повеќе како некоја игра во која тие го рушат системот. Кога на едно дете ќе му дадете играчка, тогаш и другите ја сакаат“, изјави Тебас мислејќи на помошта од државите која споменатите клубови ја добиваат.
Тој е посебно лут поради ефектот на инфлација.
„Клучот на проблемот е тој ефект на инфлација кој го создадоа Манчестер Сити и ПСЖ. Останатите клубови сега сакаат повеќе пари за да се натпреваруваат со нив“, изјави Тебас.
УЕФА испаќаше свои луѓе да ја прегледаат ситуацијата во Манчестер Сити и постои можност да бидат исфрлени од Европа, а Тебас побара освен Сити и ПСЖ да биде исфрлен.
Тебас и не верува дека Суперлигата на Европа која УЕФА сака да ја започне од 2024 година може да опстане долго.
„Суперлигата која ја предложува УЕФА ќе пропадне и тоа после 10-15 години. Националните првенства и нивните системи ќе бидат нарушени“, смета Тебас.