Дома Фудбал Италија Претседателот на Беневенто: Како го убедив Сања да дојде? Беше пијан!

Претседателот на Беневенто: Како го убедив Сања да дојде? Беше пијан!

Фенерџијата од италијанската Серија А доведе зучно име со цел да го зачува прволигашкиот статус.

Беневенто се наоѓа на дното на италијанската Серија А, но се уште во овој клуб не се предаваат и успеаа да го доведат поранешниот француски репрезентативец Бакари Сања.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Како го убедив Сања да потпише за нас? Мислам дека беше пијан!“, одговори добро расположениот претседател на фенерџијата, Оресте Вигорито, а потоа беше посериозен:

„Го сретнав во Наполи. Разговаравме и го убедив повторно да се чуствува како дете“, изјави Вигорито.

Искусниот дефазнивец кој го носеше дресот на Арсенал и Манчестер Сити веќе дебитираше за својот нов клуб. Во неделниот пораз од 2:5 од Рома на „Олимпико“, Сања во игра влезе во вториот дел.

„Овде е само неколку дена, а веќе покажа за каков професионалец се работи. Не се станува шампион случајно“, истакна Вигорито.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Италија трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. Овој пат, на Мундијалот …