Дома Фудбал Претепан тренерот на Динамо Загреб: Напад на уште едно лице од фудбалското семејство, случајност или не?

Претепан тренерот на Динамо Загреб: Напад на уште едно лице од фудбалското семејство, случајност или не?

Нападнат и повреден е тренерот на Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ, јавуваат бројните хрватски медиуми, а и клубот издаде свое соопштение по тој повод.

Него како што се наведува го нападнале маскирани лица и со палки го претепале. Се случило тоа по враќањето од гостувањето на кое Динамо славеше со 6:0. Го чекале пред зградата во која престојува во Загреб.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На самиот крај, тој е и хоспитализиран.

„Динамо е згрозен и запрепастен од овој чин, најостро го осудуваме физичкиот напад на Цвитановиќ кој лесно можеше да заврши со фатални последици. За жал, тоа е само продолжение на она што се случува во последно време, кога, сосема очигледно е легализирано насилството врз лицата од нашиот клуб. Почнувајќи од нападот врз Мамиќ, а потоа и оружениот напад и обидот за убиство во Томиславград, па се до вечерашниот напад над тренерот Цвитановиќ пред неговиот стан. Згрозени сме и овојпат апелираме да се инсистира властите конечно да се разбудат и да престанат да ги игнорираат сите овие случувања околу Динамо“, се наведува во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…