Иван Ракитиќ и официјално беше претставен во редовите на Хајдук, а тоа донесе голема еуфорија помеѓу навивачите.
Со враќањето во Хрватска, Ракитиќ се откажа од големата плата која ја имаше во Ал Шабаб. Според објавените информации во јавноста во саудискиот клуб хрватскиот ветеран заработувал 15 милиони евра по сезона.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Од друга страна хрватските медиуми откриваат дека во Хајдук ќе заработува 600.000 евра годишно, сума со која нема да биде најплатен бидејќи Марко Ливаја добива еден милион евра.
Сепак, парите не биле приоритет за Ракитиќ, негова желба била да се врати во татковината, а покрај тоа во Хајдук ќе игра и со Иван Перишиќ, тука е и Џенаро Гатузо од клупата, додека Калиниќ ја има улогата на спортски директор.