Шпанска „Марка“ пишува за можни промени во ситуацијата помеѓу Реал Мадрид и Серхио Рамос.
„Марка“ ексклузивно пренесува дека Рамос и Перез ќе ги продолжат преговорите со надеж дека сепак ќе најдат заеднички јазик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдеа дека Рамос ги одбил сите понуди на Реал за нов договор и дека ќе си замина на крајот на сезоната како слободен агент.
Меѓутоа, добро информираната „Марка“ тврди дека капитенот му дава предност на Реал и дека преферира да остане на „Сантиаго Бернабеу“.
Последните информации се дека двете страни ги приближиле своите позиции и се блиску до договор.
Рамос наскоро треба да стави потпис на нов двегодишен договор со кој годишно ќе заработува 10 милиони евра по сезона.