Сагата околу иднината на плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио продолжува со нов пресврт.
Рабио со сигурност ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната како слободен агент. Иако се тврдеше дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона, сега се појавија информации дека Французинот сака да игра во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска ја одби понудата на Тотенхем, кој му нудеше висока плата и сигурно место во првиот тим.
Последните информации од Островот се дека Рабио сака да игра во Ливерпул и смета дека стилот на Јирген Клоп ќе му одговара најмногу. „Црвените“ покажуваат интерес за Французинот и се очекува во наредните денови да имаат контакт со неговите менаџери.
https://youtu.be/bRxLZqetHiY