Дома Топ вести Пресврт: Осимен на чекор од трансфер во Саудиска Арабија

Пресврт: Осимен на чекор од трансфер во Саудиска Арабија

Иднината на Виктор Осимен се уште не е решена, иако тој и Наполи сакаат да се разделат ова лето.

Првично интерес за Нигериецот покажаа многу европски гиганти, но поради високата оштета и големите финансиски барања на напаѓачот се откажаа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Како последна опција се појави Саудиска Арабија од каде што наводно Наполи прифатил понуда од околу 70 милиони евра.

Претставници на Ал Ахли веќе допатуваа во Италија на средба со агентот на Осимен и му нудат плата од 30 милиони евра во наредните четири години.

Единстен европски клуб кој се уште е во трка за потписот е Челзи, но „сините“ не можат да се договорат со напаѓачот околу платата.

Доколку Осимен ја прифати богатата понуда од Ал Ахли веќе утре ќе се реализира неговиот трансфер во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…