Дома Фудбал Италија Препородениот Дибала: Со Сари се чуствувам важен, создаваме и по 20 шанси на натпревар

Препородениот Дибала: Со Сари се чуствувам важен, создаваме и по 20 шанси на натпревар

Доаѓањето на Маурицио Сари во Јувентус многу му одговараше на аргентинскиот напаѓач Паоло Дибала кој во текот на летото беше пред заминување од клубот, сепак на крајот остана и не погреши.

Од почетокот на сезоната Дибала постигна шест голови и запиша три асистенции. Јувентус е прв на табелата и за Дибала се оди одлично.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дибала сега за медиумите ги спореди Масимилијано Алегри и Сари.

„Начинот на кој го води тимот е поинаков. Сари поинаку го сфаќа фудбалот. За мене како и останатите напаѓачи е поинтересно. Повеќе ја чуваме топката, создаваме повеќе шанси. Таквата игра ти дозволува да пробаш нови работи на теренот без никаков страв бидејќи знаеш дека ќе имаш нова прилика. Играме напаѓачки на некои натпревари создаваме и по 20 шанси и можете да замислите што тоа значи за нас напаѓачите“, искажа задоволство Дибала.

Призна и дека се чуствува подобро отколку со Алегри.

„Сега се чуствувам како важен играч кој има почит за соиграчите и навивачите. Но, не мислам дека сум лидер, ниту пак се обидувам тоа да бидам. Лидерот мора да ја штити екипата и да шири оптимизам на теренот. Вистински лидери беа Буфон и Евра, таква е нивната природа и сите ги почитуваа без да бидат приморани на такво нешто“, изјави Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…