Дома Фудбал Англија Премиер лига: Манчестер Сити фаворит според букмејкерите

Премиер лига: Манчестер Сити фаворит според букмејкерите

Премиерлигата ветува неколку интересни наративи за сезоната 2020/21. Ливерпул се обидува да ја задржи титулата, неколку тимови имаат нови менаџери кои ја започнуваат својата прва сезона на чело на еден тим, додека многумина направија големи инвестиции на трансфер пазарот.

Имаме и три нови тимови: Вест Бромвич Албион, Фулам и за прв пат по сезоната 2003/04 – Лидс Јунајтед. Сите три екипи се надеваат дека ќе завршат што е можно повисоко во својата прва сезона во Премиер Лигата.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ливерпул ја заврши сезоната 2019/20 удобно и чисто на врвот, 18 бода повеќе од тимот на Манчестер Сити, кој и самиот имаше разлика од 15 бода во однос на Манчестер Јунајтед на третото место.

Можеби не е изненадувачки тоа што букмејкерите им даваат речиси израмнети шанси на Ливерпул и Сити сезонава, како за шампионскиот трофеј така и за тоа дека ќе завршат во Топ 4. Сепак, и покрај огромната маргина на победи минатата сезона, „црвените“ на Јирген Клоп овојпат не се фаворити.

Сити, кој значително се засили во однос на играчкиот кадар ова лето, има 47,8% шанси да ја подигне титулата во споредба со 38,9% шанси за Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ал Наср славеше на дебито на Пиоли (ВИДЕО)

Ал Наср го совлада Ал Етифак со 3:0 во натпреварот од 4.коло од Лигата на Саудиска Арабија…