На Фенербахче оваа сезона не му оди баш најдобро во првенството, меѓутоа и покрај тоа интересот за македонскиот фудбалер од овој клуб Елиф Елмас е навистина голем.
Елмас веќе подолго време се поврзува со големи европски клубови, Борусија Дортмунд беше најсериозна во зимскиот преоден рок, се споменуваше и Лацио од Серија А, а сега пристигнува и вест за клуб од Премиер лигата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, Брендан Роџерс кој неодамна го напушти Селтик и седна на клупата на Лестер сака да го виде Елмас во своите редови.
Според информациите, Елмас е една од најголемите желби на Роџерс и за тоа „Лисиџите“ спремаат понуда од 30 милиони фунти!
Во веста исто така се наведува дека покрај споменатите (Лацио и Борусија Дортумунд) интерес покажале уште Баерн Минхен, Тотенхем, Манчстер Јунајтед, Јувентус…Меѓута Лестер се истакнува како фаворит.
Македонскиот талентиран фудбалер пред Фенербахче го носеше дресот на скопски Работнички. Треба да се истакне дека Елмас кога заминуваше од Македонија откри и дека водел преговори со Манчестер Сити.
Се по веројатно станува дека Елмас од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на некој друг голем европски клуб.
https://www.youtube.com/watch?v=qB5ix7-Izx4