Дома Трансфер зона Премиерлигашка битка за ѕвездата на Бриж

Премиерлигашка битка за ѕвездата на Бриж

Ливерпул, Тотенхем и Евертон се силно заинтересирани за крилниот напаѓач на Бриж, Арно Гроневелд, пренесуваат англиските медиуми.

Гроневелд игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Бриж веќе одби една понуда од 10 милиони евра од страна на италијански Милан.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


21-годишниот крилен напаѓач се пресели во Бриж од НЕЦ Нимеген за 1 милион евра минатото лето, а до овој момент одигра 15 меча на кои постигна 5 гола и запиша 4 асистенции.

Неговата моментална вредност на трансфер пазарот изнесува околу 20 милиони евра, а голема е веројатноста до крајот на месецот да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…