Дома Фудбал Останато Солскјер браше изговори за ремито: Топката беше лоша, врнеше и дуваше ветер

Солскјер браше изговори за ремито: Топката беше лоша, врнеше и дуваше ветер

Maнчестер Јунајтед успеа да го преживее гостувањето во Бриж одигрувајќи реми (1:1) во рамките од 1/16 финалето во Лигата на Европа.

Белгискиот претставник беше многу подобар во почетната фаза од натпреварот, но Марсијал успеа да изедначи и да донесе реми за „црвените ѓаволи“ пред реваншот кој ќе го играат на домашен терен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа тешко дека навивачите се задоволни од она што го прикажа Јунајтед. Повторно Јунајтед изгледаше како тим кој нема највисоки амбоции. После натпреварот Солскјер бараше изговори лошата игра.

„На моменти ни попушташе концентрацијата, но условите на теренот беа лошо. Топката исто така беше проблем и тешко се играше со неа. Можете да земете една и да ја пробајте. Многу е лесна. Условите не беа добри, врнеше дожд и дуваше ветер“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто во Серија А не се случило повеќе од половина век

Интер вчера со победата против Милан го потврди Скудетото кое го освои заслужено по сезона…