Брахим Дијаз после три сезони поминати во Милан ова лето се врати во Реал Мадрид, но може експресно да си замине.
Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Дијаз не се вклопува во системот на игра на Анчелоти и добива мала минутажа, па може експресно да го напушти „кралскиот“ клуб.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти уште во јануари, а најсилен интерес покажуваат клубовите од Премиер лигата.
Имено, Вест Хем и Астон Вила се спремни веднаш да понудат 20 милиони фунти за потписот на офанзивниот плејмејкер.
🚨 Aston Villa and West Ham have been told by Real Madrid they must pay around €20m if they want to sign attacking midfielder Brahim Diaz.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 25, 2023
(Source: Birmingham Mail) pic.twitter.com/zWZjwDYZpG