Дома Трансфер зона Премиерлигашите се „тепаат“ за ѕвездата на Лил

Премиерлигашите се „тепаат“ за ѕвездата на Лил

Клубовите од Премиер лигата покажуваат силен интерес за младата ѕвезда на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре оваа сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал, Реал Мадрид и Валенсија исто така го следат фудбалерот, но Јунајтед, Ливерпул и Челзи се најконкретни и веќе работат на трансферот.

Јирген Клоп сака по секоја цена да го донесе 21-годишниот играч за врска на „Ефилд“ бидејќи во него гледа идеална замена за Кеита, кој е на излезна врата.

Француските медиуми тврдат дека Лил е спремен да го продаде и да ги слушне понудите на заинтересираните клубови, а неговата цена на трансфер пазарот изнесува 35 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…