Дома Фудбал Англија Прекинат тренингот на Ливерпул, Клоп пренесен во болница!

Прекинат тренингот на Ливерпул, Клоп пренесен во болница!

Фудбалерите на Ливерпул денес тренингот мораа да го завршат порано од планираното.

Англиските медиуми пренесуваат дека тренингот на „црвените“ бил прекинат бидејќи тренерот на овој клуб Јирген Клоп не се чуствувал добро. Клупските доктори веднаш биле тука да помогнат, а Клоп бил пренесен во најблиската болница. Сепак, сеуште нема информации дали ситуацијата е сериозна и што се случува.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Од клубот само потврдија дека Клоп се наоѓа во болница и не сакаа да откриваат ништо повеќе.

„Нашите доктори помогнаа тој да биде пренесен во болница. Не сакаме да зборуваме за што станува збор бидејќи сеуште не сме сигурни. Веруавме дека Клоп набрзо ќе се врати. Сакаме да ја почитувате неговата приватност. Кога ќе знаеме нешто повеќе ќе ве известиме“, стои во соопштението од Ливерпул

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан се договори со Спортинг за нов напаѓач по неуспехот со Бонифејс

Очигледно е дека Милан нема да губи многу време по речиси пропаднатиот трансфер на Виктор …