Дома Фудбал Англија Пред 27 години: Денот кога Фергусон заврши во затвор по „нокаут“ со глава на противнички играч 🎥

Пред 27 години: Денот кога Фергусон заврши во затвор по „нокаут“ со глава на противнички играч 🎥

Пред точно 27 години се случи еден од поголемите инциденти во британскиот фудбал.

На мечот помеѓу Рејт Роверс и Глазгов Ренџерс Данкан Фергусон направи инцидент по кој заврши и во затвор. Имено, Фергусон со глава го удри Џон Макстин.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Интересно е што судијата не му покажа ниту жолт картон, меѓутоа подоцна работата премина во рацете на полицијата. Судот му изрече затворска казна од два месеци на шкотскиот репрезентативец. На тој начин Фергусон стана првиот британски фудбалер кој завршил во затвор поради инцидент на фудбалските терени.

Ќе споменеме дека денес тој е дел од стручниот штаб на Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мусовски: Во 2020 година бев погрешно разбран, секогаш сум сакал да играм за Македонија!

Македонската фудбалска репрезентација ја очекува клучниот предизвик во четврток – бараж ду…