Дома Фудбал Останато Пред три месеци ја „измами“ смртта – денес е на чекор од враќање на терените

Пред три месеци ја „измами“ смртта – денес е на чекор од враќање на терените

Еден од петмината среќници кои ја преживеаја авионската несреќа во која настрада речиси целиот фудбалски тим на Шапекоензе, го направи последниот чекор за враќање на терените.

Пред само три месеци светот беше шокира од трагедијата која се случи недалеку од колумбискиот град Медељин во која животот го загубија 71 патник на авонот кој ги превезуваше фудбалерите и тимот на Шапекоензе на финалниот меч од Јужноамериканскиот куп.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Само тројца играчи од овој бразилски тим преживеаја во авионската несреќа, а двајца поради повреди во очи на смртниот полетувачки час одлучија да се повлечат од патувањето.

Единствениот фудбалер кој после трагедијата во целост физички и психички се опорави беше Алан Рушел, момчето кое одамна ја започна рехабилитацијата, а денес дочека повторно да почне да работи со топката.

Од Бразил стигнуваат вести дека Рушел го направил и последниот чекор пред враќање на терените во натпреварувачки ритам, бидејќи физички е повторно спремен да настапува, а останува само со работа со топка да се подготви за новите предизвици.

A post shared by Alan Ruschel (@alanruschel) on

На снимката која дефанзивецот на Шапекоензе ја објави на својот Инстаграм профил се гледа како напорно тренира, за што побрзо повторно да конкурира за место во тимот.

Хелио Нето, исто така, ја преживеа несреќата, но уште не се знае дали ќе ја продолжи фудбалската кариера, додека Џексон Фолман тоа нема да може да го направи бидејќи му е ампутирана десната потколеница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…