Дома Топ вести Пред една година вредеше четврт милион, а денес 500 пати повеќе!

Пред една година вредеше четврт милион, а денес 500 пати повеќе!

Младиот тим на Монако блеска оваа сезона како во Франција така и во Европа, па цената на талентите од „кнежевството“ се зголеми многукратно на трансфер пазарот.

Монако изминатите години лансираше неколку фудбалски ѕвезди, а најновата ѕвезда на клубот од „кнежевството“ е Килијан Мбапе, кого уште сега пола Европа го сака во своите редови.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Мбапе има само 18 години, неодамна дебитораше за француската репрезентација, па раководството на Монако сигурно нема лесно да ја продаде својата најголема ѕвезда.

Француските медиуми тврдат дека првите луѓе на клубот веќе поставиле цена за Мбапе, а таа изнесува неверојатни 130 милиони евра. Уште поневеројатно звучи фактот дека младиот напаѓач само пред една година вредеше 250.000 евра на трансфер пазарот.

Меѓутоа, Монако не ни помислува да го продаде Мбапе ова лето и ќе направи се за да го задржи во своите редови, бидејќи смета дека на Светското првенство во Русија неговата цена додатно ќе се зголеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…