Дома Фудбал Лига на шампиони Пред бројките на Роналдо во ЛШ и „боговите молчат“, му честиташе и УЕФА

Пред бројките на Роналдо во ЛШ и „боговите молчат“, му честиташе и УЕФА

Човекот кој пет пати ја освојуваше Златната топка, еднаш со Манчестер Јунајтед и четири пати со Реал Мадрид, Кристиано Роналдо вчера имаше уште една магична вечер во Лигата на шампионите.

Роналдо постигна хет-трик и така го одведе Јувентус во четвртфиналето од најелитното европско натпреварување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Со вчерашните три гола Роналдо стигна до рекордни 125 погодоци во ова натпреварување, а поради тоа доби и честитка од УЕФА. Оваа бројка пред него не ја достигнал ниту еден друг фудбалер.

Дека Лигата на шампионите е натпреварување на Роналдо покажува и податокот за неговиот учинок кога во прашање е учинокот во елиминационата фаза.

Имено, Роналдо во просек учествува во секој гол на својот тим во нокаут фазата. На 77 натпревари Роналдо има 61 погодок и 16 асистенции. Навистина ова се бројки кои заслужуваат почит.

Секако и самиот Роналдо беше задоволен од неговата магична вечер против Атлетико.

„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. „Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, гласеше изјавата на Роналдо после натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=fAjZ8gAxq8o

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…