Како што пишува „Газета дело Спорт“, римски Лацио ја одбил најновата понуда за Сергеј Милинковиќ-Савиќ која изнесувала 80 милиони евра.
После изјавата на Лотито дека одбиле 100 милиони евра од Манчестер Јунајтед, одбивањето на оваа понуда не е никакво изненадување и таа пристигнала од – Јувентус!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа се наведува дека ова била само прва понуда и дека преговорите што туку започнале, а не се исклучува можноста со цел да се убеди Лотито да биде вклучен и некој играч.
Лотито е познат како тврд преговарач, а тоа посебно ќе важи за Јувентус клуб со кој е во „заладени“ односи.
Претходно Савиќ на големо се поврзуваше со Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, неговиот договор со клубот од Рим има важност до 2022 година