Дома Трансфер зона Преговорите започнати: Милан ја сака ѕвездата на Удинезе

Преговорите започнати: Милан ја сака ѕвездата на Удинезе

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан започнал преговори со Удинезе за напаѓачот Родриго Де Пол.

Новинарот на „Скај Спорт“ Џанлука ди Марцио открива дека следната недела претставници на миланскиот гигант ќе се сретнат со агентите на фудбалерот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


24-годишниот Аргнетинец игра одлична сезона во дресот на Удинезе и на 13 меча постигна 5 гола, притоа запиша и 3 асистенции.

Милан сака значително да го засили тимот во јануари со цел да оствари пласман во Лигата на шампионите, па можно е трансферот на Де Пол да биде реализиран во зимскиот преоден рок.

За Аргентинецот интерес покажуваат уште Интер и Наполи, но „росонерите“ се во пол-позиција во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…