Дома Фудбал Германија Преговорите започнати: Баерн го сака тренерот на Ајакс

Преговорите започнати: Баерн го сака тренерот на Ајакс

Хрватскиот стратег Нико Ковач вчера доби отказ во Баерн Минхен, па Баварците сега се во потрага по нов тренер.

Медиумите веќе шпекулираат со неколку имиња, но најголема желба на Баерн е актуелниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И самиот Тен Хаг е заинтересиран да седне на клупата на Баерн, но тоа не сака да го направи во текот на сезоната, туку по завршувањето на сезоната.

49-годишникот го продолжи договорот со екипата, но сега има можност да работи во еден од најдобрите клубови во Европа. Дури и челниците на Ајакс се свесни за тоа, и нема да му стојат на патот.

Челниците на Баерн се веќе во преговори со холандскиот стартег, но тешко дека ќе можат да го убедат веднаш да се пресели во Минхен.

Поради тоа многу веројатно е дека Баварците ќе наместат привремено решение до крајот на сезоната, а следното лето ќе го промовираат Тен Хаг во нов кормилар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Навивачите на Интер збеснаа: Го бркаат Турам кај брат му во Јувенту!

Браќата Тирам, заедно со Василиј Аџиќ, беа во центарот на вниманието на „Дерби Италије“. П…