Дома Трансфер зона Преговорите започнаа: Јовиќ се поблиску до „Сан Сиро“

Преговорите започнаа: Јовиќ се поблиску до „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде Лука Јовиќ од Реал Мадрид.

„Росонерите“ во летниот преоден рок не донесоа централен напаѓач, па после повредата на Ибрахимовиќ сакаат да го засулат нападот во јануари.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Прва цел ќе биде Лука Јовиќ, кој не добива голема минутажа кај Зидан и самиот инсистира на промена на средината.

„Росонерите“ се во одлични односи со „кралскиот“ клуб и ќе се обидат да го донесат во јануари на позајмица со можност за откуп  на крајот на сезоната.

Преговорите се веќе во напредна фаза и утре се очекува во Милано да пристигне неговиот агент Фали Рамадани на средба со раководството на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…