Дома Трансфер зона Преговорите започнаа, Пирло добива врвен напаѓач

Преговорите започнаа, Пирло добива врвен напаѓач

Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.

Гонзало Игуаин ова лето ќе ја напушти „старата дама“ бидејќи има 33 години и одигра слаба сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Италијанските медиуми откриваат дека прва желба на Јувентус е напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес. Мексиканецот одигра уште една одлична сезона во Премиер лигата и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Проблем би можело да биде високата цена, а медиумите тврдат дека преговорите се започнати и Јувентус веќе спремил понуда.

Имено, „бјанконерите“ се спремни во трансферот да го вклучат Алекс Сандро плус 45 милиони евра за да го добијат потписот на Мексиканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…