Дома Топ вести Јувентус ќе го менува Игуаин со напаѓач од Премиер лигата

Јувентус ќе го менува Игуаин со напаѓач од Премиер лигата

Едно од приоритетните засилувања за Јувентус во летниот преоден рок веројатно ќе биде класичен напаѓач.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус има двајца напаѓачи на мета и на Гонзало Игуаин не му се даваат многу шанси да остане. Игуаин има 33 години и сезонава не е на потребното ниво.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прво име на листата желби е напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименес. Мексиканецот одигра уште една одлична сезона во Премиер лигата и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти.

Проблем би можело да биде високата цена бидејќи „волците“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра.

Второто име на листата е Габриел Жесус. „Бјанконерите“ ќе се обидат да договорат трампа со „граѓаните“, така што на „Етихад“ ќе го испратат Даглас Коста плус пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…