Шпанскиот фудбалер Давид Силва си замина од Манчестер Сити и како слободен играч се врати во Шпанија.
Имено, Реал Сосиедад вчера вечер потврди дека Силва е нивни играч што беше изненадување за целата фудбалска јавност. Во медиумите името на Силва воопшто не се поврзуваше со Сосиедад и на многумина не им беше јасно како дојде до овој трансфер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Познато е дека Силва имаше договор со Лацио, но тој пропаднал. Шпанецот со римскиот клуб се договорил за соработка на три години и лекарските прегледи биле закажани, но вчера следувал шок за управата на Лацио.
Имено, во Лацио се лути на Силва што на таков начин го прекршил договорот, но и на Сосиедад кој во тајност го завршил трансферот. „Марка“ пишува дека претставници на Сосиедад го контактирале Силва минатата недела и барале од него на никого да не кажува за тие разговори.
За неколку дена успеале да се договорат, а фудбалскиот свет беше во шок кога вчера на официјалната страна на шпанскиот тим се појави потврдата за трансферот.