Дома Останати Кошарка Прв пораз за Голден Стејт, Дончиќ го водеше Далас до нова победа 🎥

Прв пораз за Голден Стејт, Дончиќ го водеше Далас до нова победа 🎥

Во изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Голден Стејт има одличен старт на сезоната, а сега го запиша првиот пораз. Мемфис беше подобар од Вориорсите после продолжението со 101:104. Одличен кај Голден Стејт беше Стеф Кари кој постигна 30 поени, на спротивната страна ист број на поени постигна и Морант.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Њујорк Никси и Чикаго го играа дербито на истокот. Чикаго во овој меч како и Голден Стејт го запиша првиот пораз во петтиот натпревар. Никси беа подобри со 103:104. Зек Лавин уфрли 25 поени, додека на спротивната страна Вокер броеше до 21.

Далас после стартниот пораз од Аталанта врза три победи. Сега на свој паркет Маверикс беа подобри од Сан Антонио Спарс со 104:99. Најефикасен во редовите на Далас беше Лука Дончиќ со 25 поени, Мареј на спротивната страна уфрли 23.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Филаделфија – Детроит 110:102, Вашингтон – Атланта 122:111, Чикаго – Њујорк Никси 103:104, Хјустон – Јута 91:122, Далас – Сан Антонио 104:99, Голден Стејт – Мемфис 101:104

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …