Репрезентацијата на Македонија вечерва го одигра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
На арената „Тодор Проески“ гостуваше Израел кој на крајот успеамве да го победи со 1:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од самиот старт на натпреварот започнавме офанзивно. Барди влезе во одлична прилика уште во првата минута, а само неколку моменти подоцна следуваше нова опасност пред голот на Израелците овој пат од Елмас.
Во продолжение создадовме неколку прилики, па следуваше период на мирна игра. Бобан Николов ја погоди мрежата на Израел во самиот финиш од првиот дел.
Македонија – Израел 1:0 (Николов) pic.twitter.com/Jo0wVOCIJh
— Stefan (@StefanDaskalov) November 19, 2019
Вторите 45 минути започнаа слично како и првите, одново создававме шанси пред голот меѓутоа изостануваше реализацијата.
До крајот резултатот не се промени, па ги завршивме овие квалификации со победа. Инаку, ова е прва победа на Македонија против Израел во Скопје, претходно Израелците три пати си заминуваа победнички.
Благодарение на победата на Полска против Словенија Македонија ќе ја заврши групата како третопласирана што ќе биде најдобар пласман на нашата селекција во едни квалификации.