Дома Фудбал Англија Први проблеми за Мурињо: Немања Матиќ мора на операција

Први проблеми за Мурињо: Немања Матиќ мора на операција

Проблем за Жозе Мурињо на стартот од сезоната.

Тимот на Манчестер Јунајтед не ќе може да смета на услугите на Немања Матиќ на стартот од новата сезона.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Стратегот на „црвените ѓаволи“ потврди дека Матиќ поради повреда од Мундијалот мора да оди на операција поради која ќе го пропушти почетокот на сезоната.

„Немања Матиќ мора да оди на операција. Имаше проблеми со повреда на Светското првенство. Јасно е дека нема да биде спремен за стартот на сезона, а се уште не можам да потврдам колку долго не ќе можам да сметам на неговите услуги“, изјави разочараниот Мурињо.

Засега не е познато кога Матиќ ќе се врати, но според зборовите на Мурињо нема да биде во комбинација за првиот натпревар во сезоната кој е закажан за 10-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рома нуди мизерни услови на една од најголемите ѕвезди

Раководството на Рома е во интензивни преговори со српскиот голман Миле Свилар околу продо…