Дома Фото Првите пораки по смртта на ќерката на Енрике пристигнаа од Меси, Суарез и Пике

Првите пораки по смртта на ќерката на Енрике пристигнаа од Меси, Суарез и Пике

Шпанскиот стручњак Луис Енрике ги шокираше сите со објавата дека денеска починала неговата деветгодиша ќерка Шана.

Енрике пред неколку месеци на изненадување на сите си даде отказ од селекторското место во репрезентацијата на Шпанија и никој не ја знаеше причината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој призна дека има приватни проблеми и дека не е во состојба да се занимава со тренерската работа. Вечерва сите работи станаа јасни кога Енрике на Твитер ја објави тажната вест.

Шана пет месеци беше тешко болна и водеше битка со ракот на коската. Но, за жал не успеа да излезе како победник. После овие трагични вести се огласија многу познати чичности, а меѓу првите кои тоа го направија се Лео Меси, Суарез и Пике, кои Енрике своевремено ги тренираше.

„Мое сочуство до Луис Енрике и неговото семејство во овие тешки моменти. Со вас сме, шефе, сакаме да бидете силни.“ – порача Меси на Инстаграм.

„Тренеру, навистина ми е жал. Почивај во мир, Шана.“ – напиша Пике, а Суарез објави: „Ова се многу тажни и болни моменти. Почивај во мир Шанита, посакувам целото семејство да биде силно.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…