Дома Македонски спорт Мак фудбал Првиот човек на Шкупи: Вардар е најголемиот клуб во Македонија, жално е тоа што му се случува

Првиот човек на Шкупи: Вардар е најголемиот клуб во Македонија, жално е тоа што му се случува

Денес менаџментот на ФК Шкупи организираше средба со новинарите, а во таа прилика првиот човек на Шкупи, Олгуин Ајдин зборуваше и за испаѓањето на Вардар од првата лига.

За првиот човек на Шкупи испаѓањето на Вардар е голем срам за Македонија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Тоа што Вардар испадна од првата лига е голем срам за Македонија. Вардар е најголемиот клуб во државава, има огромна историја и традиција и такво нешто не може да купите со Пари. Жално е тоа што му се случува, сметам дека не смееше да се дозволи такво нешто. Решение мораше да се најде. Во Турција има закон каде што секој што спонзорира тим е ослободен од плаќање данок, верувам ако таков закон постоеше тука Вардар немаше да испадне“, изјави првиот човек на ФК Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…