Дома Фудбал Првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија организирал оргии, плаќал со службена картичка

Првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија организирал оргии, плаќал со службена картичка

Нов голем скандал ја тресе Шпанија во кој е вклучен претседателот на фудбалската федерација Луис Рубиалес.

Весникот „Ел Мундо“ објави дека претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија организирал оргии со 8-10 млади девојки и плаќал со службена картичка.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Наводно, целата оваа приказна ја започнал Хуан Рубиалес, кој е роднина на претседателот на Шпанската фудбалска федерација, а и тој своевремено бил член на неговиот тим и бил вработен во Фудбалскиот сојуз.

Шпанците пишуваат дека Рубиалес ги организирал овие забави под изговор на работни средби и ги поканил само најблиските членови на својот тим од Федерацијата.

„ФС на Шпанија ги негира изјавите на поранешен вработен и член на тимот на претседателот. Изјавите на Хуан Рубиалес објавени од „Ел Мундо Депортиво“ се лажни и против него е покрената истрага“, се вели во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барди заработи два жолти картони во пет минути во триумфот на Коњаспор

Коњаспор со резултат 2-1 го совлада Башакшехир, а натпреварот ќе остане во лошо сеќавање з…