Во текот на цело лето се пишуваше за потенцијалното враќање на Нејмар во Барселона и навивачите на каталонскиот клуб беа во исчекување тоа да се случи, сепак на крајот Нејмар остана во Париз.
Првиот човек на Барселона Хозе Марија Бартомеу во разговор за клупската телевизија призна дека биле блиску до враќање на Нејмар и дека направиле се што можеле.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Преговаравме и бевме блиску до договор, но на крајот преговорите не завршија онака како што посакувавме. Ние направивме се што можевме, меѓутоа ПСЖ си имаше свои барања“, изјави Бартомеу.
Потоа Бартомеу порача дека Нејмар сега не е во нивните планови.
„Нејмар сега не е во нашите планови. Во јануари и февруари ќе продолжиме да ја планираме иднината на играчкиот кадар на Барселона“, порача првиот човек на Каталонците.