Фудбалерите на Вест Хем и Челзи ремизираа 1:1 во 22. коло од Премиер лигата.
Челзи поведе со голот на Феликс во 16. минута, а израмни Емерсон во 28. минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Греам Потер конечно стартуваше напаѓачката четворка која ја чекаа навивачите, откако по суспензијата се врати Жоао Феликс, а покрај него како најистурени играа и новајлијата Мудрик, Мадуеке и Хаверц. Место во стартните 11 имаа и Енко Фернандез и Бадијашил, па Потер го започна мечот со пет зимски засилувања.
Челзи доминираше од самиот почеток и беше поконкретен, особено Мудрик и Мадуек покажаа дека ќе бидат одличен тандем по страните, но дека ќе им треба малку време да се навикнат.
Феликс беше најопасен за голот, а често беше и поофанзивен пред Хаверц. Во деветтата минута Феликс ја погоди мрежата, но голот беше поништен поради офсајд позиција.
Дејвид Мојс мораше да направи измена во 14. минута, теренот поради повреда мораше да го напушти Лукас Пакета, а на негово место влезе Томаш Сучек.
Во 16. минута Феликс повторно погоди, овојпат во дозволена позиција, по центаршутот на Енцо за 0:1. Седум минути подоцна и Хаверц ја погоди мрежата, но и тој беше во офсајд, па резултатот остана непроменет.
Вест Хем успеа да израмни по првиот сериозен напад. По центаршут од десната страна, Боуен со глава ја упати топката во втората статива, каде на вистинското место го пречека Емерсон и израмни на 1:1.
Starboy João Felix with his first goal for Chelsea. Enzo assist.
— Gina 🏆 (@Serginaoo) February 11, 2023
Take that Simeone !pic.twitter.com/rUefzRzGTo
EMERSON GOAL
— فيــدتـش (@SIRDlV) February 11, 2023
pic.twitter.com/VV9CI0Smnh