Дома Фудбал Останато Прва реакција од Холандија по одлуката да се поништи сезоната: Срамота, вие се заеб*вате со нас!

Прва реакција од Холандија по одлуката да се поништи сезоната: Срамота, вие се заеб*вате со нас!

Од Холандија пристигнуваат и првите реакции по одлуката на холандскиот фудбалски сојуз да ја поништи сезоната.

Второлигашот СЦ Камбур не ја прифаќа таа одлука. Во првата лига нема да има шампион, а пласманот во Европа е одлучен по актуелната ситуација на табелата. Но, најмногу контроверзии предизвика одлуката Ден Хаг и Валвијк да не испаднат иако и двете екипи многу заостануваат зад екипите над опасната сезона.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Најголемата штета ја претрпи Камбур кој имаше 11 бодови предност во однос на третопласираниот Волендам и беше пред враќање во Ередивизија како и второпласираниот Графшап кој има седум бода повеќе од Волендам.

„Ова е најголем срам во спортот воопшто. Ќе бидете одговорни за оваа одлука, ќе ја носите со себе цел живот. Она што е случи не е достојно за спортот. Морате се да изедначите. Оваа одлука не е нормална. Тука се работи за милиони, ние вложувавме пари и се спремавме за промоција, тука е и новиот стадион кој ќе биде готов следната година…Едноставно се заеб*вате со нас“, критикуваше тренерот на Камбур, Хенк Де Јонг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ќе испрати само една понуда за Марк Геи

Ливерпул ќе испрати една-единствена понуда за централниот дефанзивец на Кристал Палас Марк…