Дома Фудбал Останато Прва изјава на претседателот Коча – го обвини судијата Мелер дека одглумил!

Прва изјава на претседателот Коча – го обвини судијата Мелер дека одглумил!

Претседателот на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча денеска е човекот за кој најмногу пишува фудбалската јавност.

По завршувањето на вчерашниот натпревар во кој неговиот тим играше против Ризеспор со бокс го удри судијата Халил Умут Мелер, а потоа продолжи и да го клоца додека тој лежеше на тревникот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Судијата заврши во болница од каде што раскажа што се случувало и потврди дека ќе поднесе тужби (ТУКА).

Во јавноста сега за првпат се огласи и Коча кој тврди дека имал намера да го плукне Мелер, па дури го обвини и дека го одглумил падот.

„Инцидентот се случи поради низа неправилни одлуки и неговото провокативно однесување. Сакав вербално да изреагирам и да го плукнам во лице. Да, го удрив во пределот на лицето, а тој прво стоеше 5-10 секунди, а потоа падна“, изјавил Коча.

Инаку, турските медиуми објавија дека тој и уште две лица биле денеска уапсени поради инцидентот (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…