Дома Топ вести Правилата на Меси – Постави услов за останување и спречи трансфер во последниот ден

Правилата на Меси – Постави услов за останување и спречи трансфер во последниот ден

Лео Меси се уште е тема број 1 во Барселона.

Имено, се шпекулира околку неговиот договор кој истекува следното лето и станува се појасно дека ќе си замине, доколку желбата не му биде исполнета. Нема никаква врска со парите, туку со Бертомеу, се шпекулира дека останувањето на претседателот би значело крај за Аргентинецот во Барселона.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Тој нема само понуди од Сити, туку и од ПСЖ, кој дури и може да се обиде да потпише предговор во јануари. Аргентинецот е разочаран од трансфер периодот, си замина Нејмар, останаа неколку играчи за кого не е најден клуб и кој според него не заслужуваат да играат за Барселона.

На таа листа беа Андре Гомеш, Дињ, Алкасер, Туран, уште само Турчинот во следните четири дена би можел да го засили Галатасарај, останатите се тука каде што се.

Заминувањето на Меси би можело да биде нов почеток за Барселона, наводно, спречил Барса во последен ден да се обиде да го купи Озил од Арсенал, сметајќи дека тоа не е решението.

Ова ништо не е чудно, веќе со години се шират гласини дека Аргентинецот одлучува, дека поради него Маскерано го продолжи договорот, а стара е приказната дека Ето, Ибра и Давид Виља мораа да ја напуштат Барса поради несогласувањата со Меси.

Каталонските медиуми се без ентузијазам, тврдат дека тимот без оглед на доаѓањето на Семедо и Дембеле е послаб, алтернатива за Суарез нема, средниот ред е премногу стар. Валверде ќе форсира 4-3-3, иако има се уште оции на располагање, но сеедно, не се памти дека Барса во една сезона влегла со таков скептицизам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Германски судија тврди: Србија со право е разочарана – требаше да добие пенал!

Селекцијата на Србија приреди ново разочарување на навивачите со елиминацијата уште во гру…