Киеран Гибс очигледно стана вишок во тимот на Венгер и како што стојат работите би можел да го напушти Арсенал наскоро.
Откако екипата на Арсенал се засили со Сеад Колашинац, кој пристигна од Шалке, место за Гибс во тимот има се помалку, така што најверојатно за него најдобро ќе биде да го напушти „Емирати“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гибс пред се беше мета на ВБА, меѓутоа до трансфер не дојде бидејќи „Топчиите“ бараа 10 милиони фунти за услугите на левиот бек, што за Пулис беше премногу.
Англиските медиуми пренесуваат дека Вотфорд е подготвен во своите редови да го донесе Гибс, пред се од причина што Марко Силва сака играчи кои имаат искуство во Премиер лигата.