Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн доживеа нова повреда синоќа.
Во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Манчестер Сити, Кејн мораше да ја напушти играта на почетокот од второто полувреме по еден дуел со Фабиан Делф, а за сега изгледа дека на теренот нема да биде до крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако се уште нема официјална потврда за таа информација, судејќи по тоа што Кејн го напиша на Инстаграм, изгледа дека ќе го чека долга пауза.
„Разочаран сум што излегов порано поради повредата, но секоја пречка е шанса да се вратиш посилен од порано. Голем финиш од момците да продолжат и да победат“, изјави Кејн.
Инаку, Тотенхем до крајот на натпреварот успеа да победи против Манчестер Сити со 1:0 и да стекне предност пред реваншот кој на распоредот е за осум дена на „Етихад“.