Веќе и птиците на гранките знаат дека управата на Ливерпул и од готова работа си направи вересија.
Набил Фекир беше на лекарски прегледи во пресрет на трансферот на „Енфилд“, откриено било дека во иднина би можел да има сериозни проблеми со коленото и управата се обиде да искористи за да го намали надоместокот. Лион ги прекина преговорите, Фекир остана во матичниот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Liverpool Eho“ сега пренесува дека Ливерпул ќе се сврте кон алтернативно решение во потрага за наследник на Филипе Кутињо, кој во јануари беше продаден на Барселона. Имено, него во редовите на екипата од Клоп би можел да го наследи неговиот сонародник Лукас Пакета.
Станува збор за 20-годишен фудбалер на Фламенго, кој запиша осум настапи за У20 селекцијата на Бразил. Пакета за првиот тим на екипата од Рио де Жанеиро дебитираше во 2016. година, до денеска запиша 71 настап и постигна 12 гола.
За неговите услуги е заинтересиран и Милан, но нема сомнеж дека Ливерпул би можел полесно да го доведе од споменатиот италијански гигант, кој е во финансиски проблеми. Го следат и Челзи и Манчестер Сити, но тој има договор до 2020. година, а неговата вредност се проценува на 15 милиони евра.
?? Liverpool are reportedly interested in signing Flamengo’s attacking midfielder Lucas Paqueta: https://t.co/WqcwOIASc6 pic.twitter.com/kHAaafMNeQ
— Read Liverpool (@ReadLiverpoolFC) July 27, 2018