Дома Фудбал По веста за хаос во Барселона се огласи менаџерот на Де Јонг

По веста за хаос во Барселона се огласи менаџерот на Де Јонг

Шпанските медиуми вчера пишуваа дека се случила кавга меѓу спортскиот директор на Барселона, Деко и фудбалерот од средниот ред Френки Де Јонг, но тоа го демантираше менаџерот на играчот.

Али Дурсун тврди дека станува збор за обична комуникација меѓу двете страни без да премине во караница.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Немаше викање на телефон, незгодни прашања или нешто слично. Цела работа е лошо пренесена во јавност. Односот со Деко е професионален и така ќе остане“, кажа Дурсун.

Де Јонг го пропушти натпреварот против Антверпен поради болест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…