Четворица судии од Малавија добија доживотна забрана за судење откако беше откриено дека се обиделе да наместат натпревар, верувале или не за само само, 20 долари.
Главниот судија, Азиз Ниренда, неговите помошници Лимбани Чисамби и Стефано Гомани, како и четвртиот судија Џими Пири се прогласени за вниновни во истрагата за местење натпревар од националниот куп помеѓу нисколигашите Нчало Јунајтед и Читип Јунајтед. Тие помеѓу себе поделиле 20 долари кои ги добиле од претставниците на Нчало Јунајтед за да го наместат натпреварот.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Но, приказната дури тука станува бизарна. Судиите воопшто не успеале да наместат победа за Нчало кој бил исфрлен после изведувањето на пеналите. Лутите челници на клубот побарале од судиите да им бидат вратени парите, но споменатата четворка успеала да собере само 15 долари, па луѓето од Нчало реагирале и ги пријавиле во надлежните институции.
Судиите како што кажавме добија доживотна забрана, а помошникот Чисамби се „колне“ дека не направил ништо лошо.
„Не учествував во поделбата на парите. Навистина ми е жал што кариерата ја завршувам на ваков начин“, изјави Чисамби.