Дома Останати Почина германскиот атлетичар кој пред четири месеци даде потресно интервју

Почина германскиот атлетичар кој пред четири месеци даде потресно интервју

Легендарниот германски атлетичар, Тим Лобингер почина после борбата со долгата и тешка болест.

На Лобингер во 2017 година му беше дијагностициран рак на крвта, но една година подоцна успеа да ја победи оваа болест. Сепак, ракот му се врати во 2020 година, а почина вчера во неговиот дом во Минхен.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Лобингер беше шампион на светот во сала и двократен европски шампион. На отворено освои бронза во 2002 година и сребро во 2006 година на Европското првенство.

По крајот на атлетската кариера стана кондиционен тренер во Лајпциг. Пред четири месеци тој даде потресно интервју во кое зборуваше колку му е лоша состојбата.

„За мене повеќе нема спас, мојот рак е премногу агресивен. Во февруари докторите ми кажаа дека смртта е блиску. Треба да се договориме и да се позанимавме околу погребот да организираме се. Да се простам од своите најблиски. Разговорот со децата бепе тежок, знаат колку ми е лошо“, изјави Лобингер за германски „Билд“ пред четири месеци.

Откри дека тогаш имал само 66 килограми (висок е 193 сантиметри) и дека половина од минатата година ја поминал во болница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Нов пораз: Фудбалерките незаслужено загубија од Летонија

Женската А репрезентација на Македонија загуби со 2:1 од селекцијата на Летонија на домаше…