Дома Фудбал Италија По„Црн Петок“ се огласи уредникот на „Кориере“: Сите што се кренавте против весникот засрамете се!

По„Црн Петок“ се огласи уредникот на „Кориере“: Сите што се кренавте против весникот засрамете се!

Вчера во Италија се крена голема прашина поради насловната страна на познатиот италијански весник „Кориере дело Спорт“, а сега се огласи главниот уредник.

На насловната страна во главни улоги беа ставени Ромелу Луакаку и Крис Смолинг со наслов „Црн Петок“. Ваквиот потег на „Кориере“ предизвика силни реакции и критики од голем број фудбалери и фудбалски клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рома и Милан порачаа дека ќе го бојкотираат весникот така што ќе забранат нивни новинари да присуствуваат на натпреварите.

Иван Зазони, главниот уредник на весникот после обвинувањата се огласи и им порача на сите дека се лажни моралисти, но и се закани со тужба. Зазони објаснува дека не станувало збор за никаков расизам, туку напротив е пофалба на различноста.

„Деновиве интернетот го преплавија десничарски настроени луѓе кои ги идентификуваат расистите, сега со неколку коментари се обидуваат да ги избришат валканиците од себе. „Црн Петок“ не е расизам, напротив за оној што сака да разбере тоа е пофалба на различноста. Насловот е совршено аргументиран, но е претворен во отров од оние кои носат отров во себе. Сите италијански клубови кои се кренаа против весникот треба да се срамат. Не обвинија преку твит и тоа само на англиски за да испровоцираат реакции надвор од Италија. Обвиненијата се само лажен морализам, ако се одлучат да ме тужат, јас ќе ги тужам сите нив“, гласела пораката на Занзони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…