Фудбалските навивачи ширум светот од време на време успеваат да не воодушеват на начинот со кој ја искажуваат својата љубов кон клубот.
До сега бевме на сведоци на трошење на комплетната заштеда за одење на еден натпревар, напуштање на сопствената венчавка, тетoвираа неверојатни работи на неверојатни места…
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот херој на ваквите приказни одлучи целото свое тело да го прекрие со дресот на Фламенго.
Хозе Марио Ањос го истетовира дресот на својот омилен преку целото свое тело, а на грбот му се наоѓа и бројката „10“, единствено што му недостасува е името на спонзорот на предната страна.
Another body paint by a flamengo fan from Brazil. pic.twitter.com/DtifQ6p0Uq
— Renault Magritte (@Subliminatey) April 27, 2018
„Потребна ми беше една година да ја комплетирам тетоважата – 32 термина, односно повеќе од 90 часа. Знаев дека потрошам многу пари, помеѓу 2.500 и 4.500 долари, па поради тоа одлучив да тргнам од рамото кон градниот кош“, изјави Љос.
Поради тетоважата тој стана вистинска ѕвезда во својот град, а еден од најдобрите играчи на сите времиња и жива легенда на црвено-црните, Зико му подари дрес кој искрено сега и не му е премногу потребен.
„Верувајте ми не се покајав во ниту еден момент“.